Природа на продажба

English version: • Nature for Sale
Карпестите ридови на Плетвар се единствениот дом на редок вид пеперутка, стеноендемит наречен - македонска сивка. Името потекнува од бојата на нејзините крилја -особина што ја користи за да стане помалку видлива за предаторите.
Последното истражување на терен, направено во 2012 година од тим на национални и меѓународни ентомолози, покажало намалување на популацијата на македонската сивка до 30%. Во студијата, 5 од 7 локации означени како дом на Сивката докажано е дека се претворени во каменоломи за мермер. Но, има уште еден, помалку видлив, непријател на оваа ретка пеперутка. За изненадување, доаѓа во форма на пријател - љубител на пеперутки. Посетителите кои на лето минуваат низ Плетвар, се воодушевуваат на природата и ја фотографираат - сепак, неретко ја ловат македонската сивка а потоа, во форма на препариран трофеј, ја поставуваат на интернет за продажба. Во неколку европски земји има трговски друштва - домаќини на веб-страници на кои може да се купи примерок од една од најретките и најзагрозените пеперутки во Европа - за само околу 30 евра.
Тимот на Дома, заедно со соработниците од DW Europe, ги нарача овие примероци преку интернет и лабораториски го процени времето на нивното заловување. Во 2011 година, сивката станува заштитена со закон во Македонија, со што се забранува нејзиниот лов, шверц и продажба. Сепак, овој закон - не се почитува.
Истражувањето за кој е одговорен за кршењето на овој закон и зошто на Европските пазари за инсекти продажбата на овој заштитен вид е неказнета - е основа на филмот „Природа на продажба“. Целиот проект е финансиран од European Journalism Fund.

Пікірлер: 3

  • @Mekammk
    @Mekammk3 ай бұрын

    Прекрасен документарен филм, почнувајќи од режија, од видео, аудио со одлична нарација, тонот и бојата на гласот. Секоја чест!

  • @MrMaksac
    @MrMaksac3 ай бұрын

    Ставете англиски превод. Одличен документарец!

  • @doma_edu_mk

    @doma_edu_mk

    3 ай бұрын

    Ви благодариме за коментарот! :) Во прилог е и англиската верзија на документарниот филм, но, ќе ставиме и овде англиски превод. kzread.info/dash/bejne/a6uC3Np-h5TdY9o.html