Трејлер: „Природа на продажба“

Криминалите врз животната средина доаѓаат во многу различни форми, но неретко се случува извршители да се и добрите познавачи на природата. Таков е случајот со колекционерството на животински видови, кое со себе повлекува и криволов, шверц и трговија со заштитени видови. Сето тоа негативно влијае врз биодиверзитетот, но и врз економијата на регионот.
Дома во соработка со Дојче Веле Европа ја истражи ситуацијата со стеноендемитот македонска сивка - пеперутка која жива може да се најде единствено на падините на Плетвар, но препарирана се појавува на онлајн сајтовите за продажба, како и на различните пазари за инсекти. Ја најавуваме премиерата на новиот новиот документарен филм „Природа на продажба“, која ќе се одржи на 22 април од 19 часот, на Facebook и KZread каналите на Дома.
Нелегалното ловење на пеперутката и нејзиното спроведување преку границите на Македонија е досега незабележано и неказнето дејство од страна на македонските власти. Документарниот истражувачки филм „Природа на продажба“ ја објаснува и ја анализира оваа проблематика, трагајќи по одговори и решенија. Проектот е финансиран од Journalism Fund, преку повикот Environmental Investigative Journalism.

Пікірлер

    Келесі