Тиквеш - Воска Спорт 2:1 (22.05.2024) [Куп на Македонија 2023-24 финале]
22.05.2024, Тоше Проески Арена Скопје
Финале на фудбалскиот куп на Македонија 2023-24.
Историја за Кавадарци, историја за Тиквеш. Клубот во првото учество во финалето од Купот на Македонија во дуелот на дебитантите успеа да слави над Воска Спорт и така дојде до значајното одличје со кое си обезбеди и европско лето. „Од почетокот го посакувавме овој трофеј и од самиот старт покажавме една напаѓачка игра. Заслужено го освоивме трофејот, игравме одлично од првата минута“, изјави Мојсов по натпреварот. На овој натпревар, за првпат во историјата на македонскиот клупски фудбал се користеше ВАР технологија.
Тиквеш: Ренер, Мојсов, Вареловски, Фетаи, Карчески, Луан Силва, Робертињо, Спахиу, Спиркоски, Стојкоски, Тодоров (замени: Стоименовски, Малески, Михаилов)
тренер: Ѓорѓи Мојсов
Воска Спорт: Захов, Тодороски, Николиќ, Марушиќ, Андре Менсало, Ачимовиќ, Стјепановиќ, Илиески, Трпески, Кочоски, Јашароски (замени: Јусуфи, Јахја, Георгиев, Шаркоски, Ибраими)
тренер: Срѓан Захариевски
стрелци: Стојкоски 41’, Луан Силва 59’, Шаркоски 77’
Пікірлер: 4
Sekoja godina so zadovolstvo go gledam finaleto na Kupot na Makedonija❤
Tikves white vine 🥂
Тиквеш прикажа европски фудбал, фудбал кој досега не е виден во финалињата на купот...Каква игра, каква моќ...
ЛОЗАРИ СЕ БРАЌА ЧКЕМБАРСКИ!