Со мали чекори на поединци до големи промени во животната средина

Додека Балканскиот рис е етаблиран како национален симбол на монетите од 5 денари, поштенска марка и на спортската опрема на ФФМ, тоа не е придружено со конкретни државни активности за негова заштита. Тимот на Македонското еколошко друштво (МЕД) со поддршка од странски фондови ја предводи мисија за заштита на 40 единки кои живеат главно во Македонија. Донкихотски започнува и битката на здружението „Не го даваме Јадар“ во Србија каде иницијатива започната од само пет мештани од локалните села, се спротивставува на светски влијателен и моќен концесионер од областа на рударството.

Пікірлер

    Келесі