Роденден - Rodenden

Најпознатата роденденска песна која сите дечиња на секој роденден по 100тина пати низ многу генерации ја пеат и ја знаат од А до Ш, конечно по 20 години добива видео и аудио верзија. Роденденска песна (Денеска е убав ден среќен ден, радосен!) - текст напишан од највеселиот кловн на светот тетка Анета Кловнета која пред две децении го започна овој тренд на детските родендени и до ден денес е најпопуларната роденденска песна.
Во продукција на OhridNews и неколку други соработници кои несебично и со многу љубов и ентузијазам се согласија да дадат свој придонес, оваа песна си доби свое вечно место која ќе ечи на сите детски роденденски забави!
Продукција: OHRIDNEWS
Главен уредник: Горан Момироски
Автор на проектот: Јован Цветкоски
Текст: Анета Вршкоска Јованоска
Аранжман: Никола Јосифоски
Аудио микс и мастеринг: Димче Китрозоски (студио Китрозон)
Вокали: Марко Петроски, Мартина Филипоска, Меланија Блажеска
Камера: Тони Нически
Фотографија: Анамарија Момироска
Видео Монтажа: Крсте Симиџиоски
Учествуваат: Детски хор „Весели Бисерчиња“
Локација: Игротека СМАЈЛИ
Голема благодарност до сите што учествуваа и што помогнаа да се заокружи една убава приказна која уште толку ќе ги развесели детските родендени!

Пікірлер

    Келесі