Ника: Носењето одлуки повеќе е пропаганда

Нема конкретен план за мерки по договорот со Софија за да се постават национални цели во секој од наведените сектори. Напротив, носењето одлуки, политиките, често се дури и слабо координирани, и повеќе имаат за цел пропаганда. На пример, во најавата за заштитени подрачја. Ѓаволот се крие во деталите и често се пумпа пропагандната машинерија. На хартија може да се постигне целта 30% од територијата да биде заштитено подрачје до 2030 година, но начинот на кој тоа ќе се постигне и колку ефективно се управува со тие процеси, прават од тоа само желба. Истото важи и за климатските промени.
Прочитај ја целата сторија „Зелената агенда „црвенее“ во Западен Балкан - плановите се само на хартија“
doma.edu.mk/pod-lupa/zelenata...
Новинари: Соња Крамарска, Деспина Тодоровска (ТВ Сител), Есмералда Топи (Faktoje), Амил Дучиќ (focus.ba)
Сниматели: Наке Батев, Дамир Беговиќ
Фотографии: Дарко Андоновски
Ова содржна ја изработи Институтот за комуникациски студии
iks.edu.mk

Пікірлер

    Келесі