Копачка Драмче, две Специјални награди (статуетки)+ Плакета + Благодарница од Долнени 06.07 2024

Со ракоплескања по тактот на изведбата и со бурни аплаузи беше пречекана милозвучноста на пијанечкиот изворен фолклор на Рудина во Долнени, Прилепско, на 50- тото издание ФФИИП „Пеце Атанасовски“, во исполнение на Добрина Николовска со песната „Седела Јана“ а Мирко Симоновски со песната „Останахме с,тата, беќаре и двата“, придружуван од својата тамбура, како и езгијата на тапани со Адријан Стаменовски, Ана Алексовска, Матеј Миленковски и Митко Златковски. Грмеше амфитеатралната сцена од тапаните со ритмите на „Копачката“, оро за кое ние носителите го практикуваме 10 Јубилејни години, од регистрирањето за светско културно наследство впишано во УНЕСКО, во Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото. Покрај извонредната публика во таа заемна харизматична поврзаност, впечатлива беше и реакцијата на раководството на фестивалот, особено на членовите на комисијата: Проф. д-р Родна Величковска, Проф. д-р Горанчо Ангелов, Доцент д-р Стојан Костов и м-р Горан Василевски, кои се смееја громогласно за хумористичната изведба на песната на Мирко, која што тој извонредно ја донесе и се радуваа и го следеа ритамот на нашите тапани.Комисијата ни додели: 1. Специјална награда- статуетка на ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче Делчево. 2. Специјална награда- статуетка на Мирко Симоновски 3. Благодарница (Плакета) за долгогодишно учество и поддршка на фестивалот и 4. Благодарница за учество на фестивалот. Искажуваме благодарност до „Пеце фест Атанасовски“, за прекрасната организација и гостопримливост, како и до Министерството за култура и туризам, за субвенционирање на патните расходи за настап на фестивалите во земјава.

Пікірлер

    Келесі