360 degrees season 10, show 74 (in-depth) „Ѝ реков - оди мечко, што бараш тука“ - Жировница во грч

Во ова издание на емисијата објавуваме:
- Дали тоа што проблемот го снема во медиумите, значи и дека мечките веќе не се симнуваат меѓу луѓето во Жировница - репортажа;
- Владата е децидна дека нема намера да го отвора Уставот заради внесување на Бугарите, но во владината програма пишува дека највисокиот правен акт ќе се отвора за неколку други прашања - ја има ли ВМРО-ДПМНЕ согласноста на коалициските партнери;
- Дали управното судство смета дека Собранието може да избере и агроном за член на Судскиот совет и за тоа да нема судска контрола; универзитетскиот професор Денис Прешова вели: Уште пет пати да се распушти Судскиот совет, со вакви судии и судска култура, ништо нема да се смени;
- Неколкумина млади во стан во Аеродром решија Скопје да го претворат во епицентар на епска битка меѓу агресивните вонземјани и исцрпените земјани - дознајте за глобалната амбиција на видеоиграта „Скопје 83“;
- „Саботажа“.

Пікірлер

    Келесі